Гостилница Боем започнува хуманитарна акција „За нула гладни во Велес“. Тие преку Црвениот крст обезбедиле просторија за народна кујна. Но нив им е потребна помош за реновирање на просторот и ставање во функција.

Ви го пренесуваме апелот од гостилница Боем:

Дечки, направивме уште еден чекор напред.
Последниот апел вроди со плод.

Најдовме просторија за народната кујна. Огромна благодарност до општинската организација на ЦРВЕНИОТ КРСТ за отстапениот простор, кој ќе ни биде на располагање наредните 6 месеци.

На просторијата и треба мало освежување, бојадисување , и чистење.
Во овој апел ни се потребни :

1 до 2 канти фасадекс
Неколку кутичиња мрсна боја, четки , “јарец” и доброволци молерџии да го стокмат и освежат објектот.(потребно е бојадисување само од надвор)

Откако ќе го средиме објектот ја почнуваме НАЈГОЛЕМАТА АКЦИЈА за прибирање на храна и средства за целосна реализација на проектот.

ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ.
ЗА НУЛА ГЛАДНИ ВО ВЕЛЕС

Дечки, направивме уште еден чекор напред.Последниот апел вроди со плод.Најдовме просторија за народната кујна….

Gepostet von Gostilnica Boem am Freitag, 29. Mai 2020