Короната влезе во градинките во Србија откако власитет одлучија да ги отворат во понеделникот по два месеци пауза. Српските медиуми информираат дека Ковид 19 е потврден кај една вработена во Предшколска управа „Милка Диманиќ“ во Власотинац, и која во понеделникот ги примала децата кои доаѓале во градинката.

Исто така позитивна е и една вработена во предшколската управа во Лесковац, но таа не била на работа.

Вработената во Власотинац немала никакви симптоми, а дека е заразена се дознало во понеделникот додека била на работа, кога стигнале резултатите од здравствените власти.

Вработените беа тестирани поради превенција, никој од нив не работел во ковид болниците, но бидејќи короната во Власотинац се појави неодамна, кога бројот на заболена секаде почна да опаѓа, директорката на градинката донесла одлука сите вработени да се тестираат. Од некоја причина од Здравствениот дом дури во понеделникот ги донеле резултатите и тогаш дознавме дека една вработена, сестрата на тријажа е заразена, а таа веќе имаше контакт со дечињата., наведува изворот за српски Телеграф.

Веднаш биде тестирани и членовите на нејзиното семејство и се е подигнато на повисоко ниво, па вчера во градинката имало санитарна инспекција, како и просветна инспекција.

Веста за заразената вработена во градинка се шири на социјалните мрежи. Еден родител прашува зошто не се чекале резултатите од сите вработени па да се почне со работа.