По пауза од два месеци, конечно се игра фудбал. Со дуелите од 26.коло продолжија возбудувањата во Бундес лигата.
Иако под неприродни услови, пред празни трибини, без публика, по посебни безбедносни мерки, сепак петте натпревари донесоа интересен фудбал.
Во дербито на колото што се играше во Дортмунд, домашните фудбалери на Борусија се радуваа на убедливата победа со 4-0 во дуелот против Шалке.
Серијата на голови ја отвори Норвежанецот, Ерлинг Халанд во 29 минута, а во финишот на првиот дел (45) Португалецот, Рафаел Гереро зголеми на 2-0.
По само три минути игра во второто полувреме Торган Хазард беше стрелец на третиот гол за „Милионерите“, додека Гереро со својот втор погодок во 63-минута ги постави конечните 4-0.
Бундес лига   26 коло
сабота
БОРУСИЈА Д. – ШАЛКЕ  4 – 0
РБ ЛАЈПЦИГ – ФРАЈБУРГ  1 – 1
АУГСБУРГ – ВОЛФСБУРГ  1 – 2
ДИЗЕЛДОРФ – ПАДЕРБОРН  0 – 0
ХОФЕНХАЈМ – ХЕРТА 0 – 3
АЈНТРАХТ – БОРУСИЈА М. од 18:30 ч.
Недела 
КЕЛН – МАЈНЦ  од 15:30 часот
УНИОН БЕРЛИН – БАЕРН М.  од 18:30 часот
Понеделник 
ВЕРДЕР – БАЕР Л. од 20:30 часот