Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш„ зборуваше за ситуацијата во која Република Македонија се наоѓа поради корона вирусот каде посочи дека тој апелирал функционерите кои се од ВМРО-ДПМНЕ во владата да ја донираат целата нивна плата за да им се помогне на граѓаните и на болниците.

-Јас апелирав до 4те именувани функционери од ВМРО-ДПМНЕ во владата целата нивна плата доколку е тоа нивна желба, нормалнио сите се сложија да купат санитетски материјал, медицински заштитни средства и да ги донираат на клиниките дали во Куманово, дали да ги донираат на Клиниката за инфективни болести затоа што гледам како се однесува владата со купувањето на овие јаткасти производи.

Чуствувам дека тие пари ако таму се дадат тоа е исто како гладен волк во трло со овци да пуштите затоа подобро парите од платите земете купете материјали и донирајте ги во болниците како граѓанин затоа што ќе завршат онаму каде што се најпотебни, а вака сигурно ќе завршат на некој трпеза со лешници и ф`стаци, кажа Мицкоски.

Имено Мицкоски во своето гостување потсети и на изјавата на Шилегов кој што треба да е градски татко на Скопје кој укажа дека тој не живее од плата односно дека има приватни бизниси и практично живее од нив и тоа според него е многу потценувачки.