Фудбалскиот сојуз на Холандија реши да ја откаже сезоната 2019/20 поради пандемијата на коронавирусот. Ова значи дека земјата нема да има шампион и нема да има промовирање на екипи од понизок ранг во повисоките дивизии.

Според медиумите во земјава, повеќето екипи гласале да има поништување на првенството. „За“ биле 16, а по девет биле против и воздржани, но самата Федерација ја донесе конечната одлука.

Квотите за европските клупски турнири ќе бидат дистрибуирани на следниов начин: Ајакс и АЗ Алкмар се квалификуваат во Лигата на шампионите. Ајакс е директно во групите. Во моментот на стопирањето на првенството Ајакс и АЗ имаа еднаков број на поени, со тоа што тимот од Амстердам имаше подобра гол разлика, но АЗ ги победи двата натпревари меѓу нив.

Феенорд, ПСВ Ајндховен и Вилем Втори се квалификуваат за Лига Европа.
Адо Ден Хаг и Валвијк, кои беа во зоната за испаѓање, ќе останат во „Ередивизи“.

Холандија за прв пат остана без шампион по Втората светска војна, а лидерот во вторта лига Камбур, најави дека ќе ја тужи федерацијата за оваа одлука.