Напаѓачот на Реал Мадрид, Маријано Диаз е позитивен на тестот за утврдување на коронавирус. Тој најверојатно се заразил на краткодневните одмори кои играчите ги добија по освојувањето на шпанското првенство.

Сите играчи ќе бидат тестирани по враќање од тие одмори, за сега само Диаз е позитивен.

Од кралскиот клуб известуваат дека тој е изолиран и дека не тренира денес со соиграчите. Во прашање е и неговиот настап во Лигата на шампионите, каде Реал Мадрид игра дуел за елиминација против Манчестер Сити.

Играчот се наоѓа во одлична здравствена состојба и е изолиран согласно сите здравствени протоколи, информираат од Реал Мадрид.

🚨🚨🚨 ÚLTIMA HORA | Mariano da positivo por coronavirus: el jugador del Real Madrid, aislado

Gepostet von MARCA am Dienstag, 28. Juli 2020