Судејќи по фотографиите и видеата, очигледно Грците со нетрпение го очекуваа нивното враќање на плажите и уживање во морската вода…

Над 500 плажи ширум Грција повторно се отворени за граѓаните, а Грците судејќи според фотографиите, очигледно дека со нетрпение го чекале овој момент.

Минатиот викенд плажите во Атина биле преполни бидејќи тоа бил првиот потопол викенд во Грција, а овој викенд се предвидува топлотен бран и температури од 39 степени целзиусови.

Токму тропските температури ги натерале Грците да ги посетат тамошните плажи, а за многумина ова било прво излегување на јавно место по изолацијата.

На социјалните мрежи многумина пишувале дека ова е вистински момент за уживање на плажите и сонцето и дека тоа било моментот кој што го чекале многу долго.

Од капачите се бара да држат сигурносна дистанца, а чадорите мора да бидат поставени на 4 метри оддалеченост.

На 1.000 метри квадратни дозволено е да престојуваат само 40 луѓе.

А, дали Грците ги почитувале мерките, судете според фотографиите.