Денес на езеро Младост се исекоа здрави зимзелени дрвја покрај езерото, под локалниот пат.

После минатогодишниот голем пожар кој се случи на езерото Младост во кои изгореа деценски стари зимзелени дрвја, денес гледаме и сеча од страна на надлежните. Целиот зелен појас кој лани изгоре околу езерото, наместо да се обновува, денес имаме повторно уништување.

Голем број на граѓани попладнево до нашата редакција испратија фотографии од ова унштување на, и тоа малку зеленило кое остана.

Фотогалерија од денешното уништување на езеро Младост

Еве како изгедаше овој појас пред неколку месеци, се работи за целосно здрави дрвја.