Градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски, на својот фејзбук профил објави фотографии од градежните работи кои се во тек за уредување на првата плажа на езерото Младост.

Градежните работи би требало да завршат за околу една седмица, а според планот треба да се изгради убава песочна плажа, чадори, патеки, тушеви, тоалети а ќе има и посебен дел за лица со попреченост.

Во градежните работи учествуваат вработени од ЈКП Дервен и „Тргоцемент“ а исто така учествуваат и лица кои отслужуваат затворска казна во затворот близу Велес.