Фотографирано од Кирил Миланов

По вчерашниот дожд се појави редок феномен во Велес. Колоритното шоу приредено од природата наречено двојното виножито ги предизвика велешани да направат преубави фотогафии.

Фотографирано од Пане Ордев

 

Фотографирано од Елизабета Варналиева

Според американскиот Национален центар за атмосферско истражување, овој природен феномен се случува во моментот кога дел од зракот светлина кој влегува во капка дожд ќе се рефлектира по втор пат во капката, пред да излезе од неа. Тогаш, го гледаме и второто виножито. Горниот лак е поблед од првиот бидејќи повеќе светлина се губи низ две рефлексии, отколку во една, а воедно и бидејќи самото виножито е распослано на поголема небесна површина.

Фотографирано од Зоран Павлов

 

Фотографирано од Драгана Јаневска

Благодарност до сите велешани кои преку фотографии го зачуваа овој редок момент.