Измешани се реакциите на социјалните мрежи по одлуката на денешната седница на владата да се укине полицискиот час.
Некои ја поздравуваат одлуката, а некои сметаа дека сеуште е рано да се зборува за вакво драстично намалување на мерките.
22 март беше првиот ден кога на сила стапи полициски час во Македонија поради настаната ситуација со корона кризата, а од тогаш поминаа цели 66 денови.
За жал имаше многу непочитувања и прекршување на оваа мерка, но сепак слободно може да се констатира дека велешани беа примерни граѓани.
Во продолжение погледнете ја фото галеријата од последниот ден полициски час во Велес: