Илиденската коњаница попладнево пристигна во нашиот Велес. Градот на гемиџиите и оваа година беше дел од маршута на Илинденскиот марш.

Стотици велешани беа присутни на овој настан и со аплауз ги пречекаа гостите. Коњаницата се поклони пред споменикот на Велешките илинденци, и продолжи кон славното Крушево.

Оваа година се честуваат 117 години од Илинденското востание и 117 години од првата република на Балканот, Крушевската република.