Започнаа натпреварите од Третата фудбалска лига Југ. Во неа настапуваат и три екипи од ОФС Велес, ФК Превалец од Превалец, ФК Илинден од Башино село и ФК Локомотива од Градско.

Во Башино село ФК Илинден БС ја победи екипата на Младост 1930 од Кривогаштани со резултат 3:1(0:1). Во локалното дерби ФК Локомотива од Градско ја совлада екипата на Превалец со резултат 4:1 (1:1).

По првото коло ФК Илинден БС и ФК Локомотива од Градско имаат по три бода а ФК Превалец е без бодови.

Во следното коло екипата на Локомотива од Градско гостува во Дојран кај ФК Дојранско езеро, ФК Превалец ја пречекува ФК Марена од Марена, а ФК Илинден БС гостува во прилепско Мажучиште кај ФК Динамо.