Во неделата попладне околу 15.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Павел Шатев“ во населба Керамидна во Велес настанала физичка пресметка.

Вистинска драма се одвивала во тој период, имено лицето С.Ѓ.(65) била физички нападната од М.Ѓ.(35), која, пак во тие моменти била нападната од О.Ѓ.(40).

По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.