Комисијата за заразни болести на владата ќе и предложи сите економски оператори да имаат крај на работното време во 23 часот односно, еден час пред полноќ се ќе мора да биде затворено.

Покрај оваа мерка, Владата ќе предложи и 50% намалување на капацитетите во јавниот превоз.

„Ако овие мерки не дадат резултат, следниот чекор ќе биде полициски час“, најави Филипче на прес конференцијата која се уште е во тек.

Тој уште еднаш апелираше до граѓаните да се почитуваат мерките за да не мора да се оди кон нивна дополнителна рестриктивност.