Министерот за здравство, Венко Филипче смета дека не е потребно продолжување на вонредната состојба. Во одговор на новинарско прашање Филипче рече дека иако тој смета оти нема да има потреба повторно да се воведе ограничување на движењето, мерката би можело да биде воведена и без вонредна состојба во државата.

„Што се однесува до имплементирањето на мерките и можноста да има рестрикции во движењето доколку се одлучи дека е потребна, јас верувам дека нема да биде тоа, а за тоа има можности и без вонредна состојба, сметам дека сега, во овој момент не е потребно продолжување“, рече Филипче.