Министерот за здравство Венко Филипче вели дека повикот на епископот на Повардарската епархија Агатангел верниците масовно да дојдат во црквите за Задушница е спротивен на се она што го прават здравствените власти за спречување на ширењето на заразата на коронавирус.

Тој побара од епископот да го повлече повикот за да не дојде до загрозување на здравјето на граѓаните.

„Го повикувам епископот да го повлече повикот, тој е спротивен на сѐ она што го правиме и спротивно на уредбите на Владата. Ако тоа се случи, сериозно ќе го загрози здравјето на сите таму“, кажа Филипче на промоцијата на 20 респираторни машини од донација од Европската Унија.