Министерот за Здравство на својата фејсбук страница ги објави платите на здравствените работници, но и на наставниот кадар. Тој преку поверпоинт презентација направи и споредба колку е зголемена платата, во прилог неговиот статус:

Изминатите години силно инвестиравме во нашиот кадар. Токму здравствените работници се столб на здравствениот систем – луѓето кои овозможуваат грижа и нега за сите граѓани. Го вративме нивното достоинство, ги покачивме платите и им овозможивме подобри услови за работа.

🔹 докторите специјалисти сега земаат 111.377 денари бруто плата
🔹 наставниот кадар – 122.810 денари
🔹 докторите на медицина – 58.991 денари
🔹медицинските сестри со висока стручна спрема – 50.376 денари, а медицинските сестри со средна стручна спрема 38.182 денари

Изминатите години силно инвестиравме во нашиот кадар. Токму здравствените работници се столб на здравствениот систем -…

Gepostet von Венко Филипче am Dienstag, 26. Mai 2020