На прашањето каде ќе завршуваат пациентите од Прилеп имајќи предвид дека прилепската болница веќе нема слободни места, а и пациентите над 40 години не ги примаат на скопските и битолските клиники, министерот Венко Филипче рече дека нема место и во други болници.

„Нема место во повеќе болници, не само во прилепската, нема место во инфективните одделенија ниту во Струмица, ниту во Велес, ниту во Куманово и тука со секојднебна комуникација практично се упатуваат во другите болници, рече Филипче.

Филипче појасни дека болниците во Кочани и во Кавадарци се целосно спремни, како и другите одделенија освен инфективно во Тетово.