После пет недели, германскиот индустриски гигант “Кромберг и Шуберт“ во индустриската зона Жабени близу Битола, во понеделник повторно ќе го стартува своето производство.

За почеток ќе бидат ангажирани илјада вработени, откако започнаа нарачките на “Мерцедес“ за погоните во Германија и Шпанија. Како ќе доаѓаат нарачки и од другите автомобилски гиганти, така, на 5 до 10 дена сукцесивно ќе ангажираме нови работни групи, со недеж дека до крајот на месец мај работно ќе бидат ангажирани сите 5. 700 работници, велат од менаџментот на компанијата, објави тв Алфа.

Денеска привршуваат сите подготовки околу рестартирањето на “Кробберг и Шуберт“ и првата група на работници што ќе дојдат во понеделник, влеваат оптимизам дека во месец мај и останатите ќе бидат работно ангажирани. Сепак, најмногу ќе зависи од големите гиганти на автомобилската индустрија.

Бидејќи сите вработени за месец март ја зедоа редовната плата иако не работеа од 19 март, за април повторно ќе земат плата, но се прават пресметки колкава ќе биде и с`е уште не е одлучено дали ќе биде искористена некоја од владините мерки, или пак ќе се потпрат само на сопствените резерви.

На стартот од корона- кризата, “Кромберг и Шуберт“ со заштитна опрема ја помогна Клиничката болница во Битола, а во текот на мај ќе обезбеди опрема и апаратура за тестирање од Ковид- 19 во лабораторијата на Центарот за јавно здравје во Битола.