Времето денес беше сончево со мала локална облачност. Дуваше умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Времето утре ќе сончево со мала до умерена локална облачност. Темепратурите ќе се движат од 9 до 24 степени а ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во останатиот дел ов викендот во претпладневните часеви ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часеви ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од променлив правец, а температурите ќе се движат од минимални 6 до максимални 27 степени.

Понестабилно време се очекува во вторник и среда, велат од УХМР.