Времето денес беше променливо облачно со повремен локален дожд. Во попладневните и вечерните часови имаше нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Врнежи од дожд на места ќе има и во текот на ноќта. Температурата се движеше од 16 до 24 степени.

Според УХМР, времето утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Можна е и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. УВ индексот ќе изнесува 6, а максималната температура ќе биде 22 степени.

До среда ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утре и во вторник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Од четврток се очекува постабилно и значително потопло време.