Времето денес беше променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Дуваше умерен, на места повремено засилен ветер претежно од северен правец.

Во текот на утрешниот ден не очекува променливо облачно со локални врнежи од дожд и со умерен до засилен северен ветер. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре и во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер.