На денешната прес конференција , градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја извести јавноста дека три ученици од основните и средни училишта во Општина Велес се позитивни на Корона вирус, а осумдесет и четири се во изолација. Во Детската градинка „Димче Мирчев“, регистрирани се три воспитувачки и негувателки позитивни на вирусот. Нема позитивни наставници, но 12 се во изолација.  Во изолација се и директорите на ООУ „Блаже Конески“ и ССОУ „Димитрија Чуповски“.

Во Општина Велес, двајца службеници се позитивни на Ковид–19 и неколку во изолација и самоизолација.

Во ЈКП „Дервен“, како позитивни, моментално се водат пет вработени. Четворица се на домашно лекување, еден е сместен на Инфективното одделение во Општата болница, а се во изолација.

Во МВР-СВР Велес дијагностицирани се пет службеници позитивни на Корона вирусот. Тие се лекуваат во домашни услови.  Досега СВР Велес издаде 353 прекршочни налози за неносење маска или друга заштитна опрема.