Снимката на доаѓањето на премиерката во болницата „Сент Пјер“ во Белгија која ја дочекаа голем број на медицински работници свртени со грб ја виде целиот свет.

Зошто се одлучија на овој чекор? Тие се незадоволни со платите, намалувањето на буџетот и недостигот на персонал.

За овие проблеми тие веќе штрајкуваа пред почетокот на борбата против коронавирусот.

Нивните барања тогаш не беа исполнети, а не се ни сега кога станаа херои во битката. Затоа при посетата на премиерката Софи Вилмс на една болница тие искажаа протест со вртење на грб.

-Политичарите рекоа дека ги слушнале нашите барања и дека ќе се направат нешто, Рекоа дека постои буџет оставен на страна за нас, но тој никогаш не е искористен, рекол медицинскиот техничар Николас Хоујокс за РТ.

Тој вели дека работниците кога почнала пандемијата го усвоиле мотото „молчи и врши си ја својата работа“. Меѓутоа, кога дознале дека ќе дојде премиерката Вилмс, ја искористиле шансата да го искажат своето незадоволство, бидејќи знаеле дека надлежните ќе ги чујат.