На својот фајсбук докторка од велешката Брза помош со порака до сите наши сограѓани.

Доктор Проданова имаше само пофални зборови за своите колеги од брзата помош во справувањето со корона вирусот, како и со сите други случаи со кои се соочиле овие медицински лица изминативе неколку месеци.

Нејзиниот статус прочитајте во целост:

Добар ден ви посакувам на сите вас мои пријатели.

Среќна сум и горда на мојата служба И.М.ПОМОШ. Респект кон сите мои колеги..почнувајќи од раководителот до колегите кои се дојдени специјализанти на помош за време на пандемијата па и до младите колешки кои како да се створени за работа во оваа служба, а се кај нас на 6 месеци обука.

И тоа баш во оваа вонредна состојба..Чувствувам одговорност и морам да појаснам за тие што не знаат како ние работиме и функционираме..Ние работиме во ТИМ или екипа..во сите стресни и загрозувачки по живот ситуации и случки.

Тоа значи да ако ние сме главата…имаме и две раце без кои не можеме воопшто да функционираме. Едната рака ни се медицински сестри без кои не може воопшто да се заврши ни една интервенција..нашите медицински сестри имаат искуства за кои многу доктори може да им завидат..со нив заедно ја завршуваме дури и невозможната задача и се радуваме заедно како мали деца ги споделуваме солзите и насмевките.

Медицински сестри се нашите ВРЕДНИЦИ. Другата рака се нашите вредни возачи кои не се обични возачи кои ги возат нивните дадени возила. Тие сите имаат поминато обуки за основна реанимација и срцево белодробно оживување.

Тие ни помагаат секогаш кога немаме сила за носење на нашите тешки опремени торби кои треба да се носат по тежок и непрооден терен..нивните раце се секогаш поддадени кон нас и на најтешкиот и најзагрозувачки терен..значи возачите не се техничка служба..тие се наши медицински соработници.

Секогаш го делиме секој среќен или тажен крај. Затоа сметам дека сите ние сме ТИМ за БРАВО. И на сите нас треба линеарно да ни биде покачена платата. И на сите нас да ни биде ист бенифицираниот стаж..бидејќи сме на исто работно место.

Се гордеам на сите вработени во нашата служба ИМП Велес, Ј.З.У Здравен дом .Се гордеам што сум дел од сите Вас. Животот и здравјето пред се..п.с. Ве молиме не го злоупотребувајте нашиот број 194..кажувајте точни информации и податоци.

Нечиј, а можеби и ваш близок ќе има потреба за интервенција. Животот и те како е важен. БЛАГОДАРАМ