Економските мерки на Владата, граѓаните ги оцениле со средната оценка од 2,7. Вкупно 88% од граѓаните сметаат дека земјата ќе навлезе во економска криза, а 66% очекуваат дека излегувањето од неа нема да биде лесно. Ова се дел од наодите од истражувањето за состојбата предизвикана од Ковид-19 кризата, на Македонскиот центар за меѓународна соработка и (МЦМС) и истражувачката компанија М-Проспект.

На прашањето за тоа кој сектор е најпогоден со кризата, првите три најчести одговори се: угостителство и туризам (27%), сите сектори (24%) и приватни бизниси (23%). Вкупно 77% од испитаниците целосно или до некаде се согласуваат со ставот дека е потребно отворање на економијата за враќање на работните процеси.

Целосната анкета на МЦМС може да ја погледнете на следниот ЛИНК

 

Извор :