Во последниве 24 часа регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19 во земјава, од кои
6 од Скопје,  по еден случај во Прилеп и во Велес и 2 од Куманово, информираше министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

На Инфективната клиника во Скопје од коронавирусот починал еден пациент од
Делчево, на 60 годишна возраст.

Во последниве 24 часа регистрирани се 5 оздравени пациенти, а направени биле
вкупно 189 тестови.