Пред точно еден месец почна да функционира порталот велесденес.мк.

Како информативен сајт посветен најмногу на случувањата во Велес, успеавме да привлечеме огромен број на публика, па така за 30 дена нашиот портал има над 500 000 посети. Дневно во просек сајтот има над 16 000 посети, што за нов сајт преставува огромен успех. На нашиот сајт може да се прочитаат и вести од Македонија, така и од светот, но може да се најдат и забавни содржини, спортски, политички, културни.

До сега сајтот Велес денес, според податоците на Гугл аналитикс е посетен од наши сограѓани кои се населени во над 50 земји од целиот свет.

 

Денес на овој мал јубилеј, Велес денес се наоѓа на 367 место во Македонија, на глобалниот сајт за мерење на посетеноста, alexa.com, што не прави и тоа како горди, што за толку кратко време успеавме да го постигнеме овој успех.

Велес денес и нанатаму ќе продолжи да ги следи сите случувања, како во нашиот град, така и во регионот, Македонија и светот и најбрзо и проверено ќе ве информира, вас нашите редовни читатели.

Искрено жалиме што секојдневно мора да пишуваме и објавуваме за оваа лоша состојба во која се наоѓа Македонија, но и Светот, состојба на пандемија од Ковид 19. Но чувствуваме потреба да известуваме за секоја нова состојба од овој невидлив непријател.

Како портал секогаш ќе бидеме критичари кон состојбите кои го револтираат секој велешанец, и затоа сите слики и видеа кои предизвикаат револт и непријатни состојби ќе бидат објавени во нашата рубрика Велешки срам.

Но тука се и содржините што едвај чекаме да ги објавиме, содржини од велешката дневна шема, ноќниот живот во Велес, како и сите културни и спортски настани, кои заради вондредната состојба се затворени или одложени.

Сите вести на нашиот сајт можете да ги најдете и на нашата официјална фејсбук страна Велес Денес. Додека сите слики од нашиот преубав Велес можете да ги видите и на нашиот инстаграм профил Велес Денес.

Велесденес.мк ќе продолжи секојдневно да биде првиот и најрелевантниот медиум кој што ќе ги информира велешани за сите нови настани, бидејќи сите информации од Градот на гемиџиите ќе ги видите на едно место, на Велесденес.мк