Мајкл Џордан важи за можеби најголемиот кошаркар во историјата на спортот, а документарната серија во десет дела за неговата кариера можеби и го докажуваат тоа.

Легендарниот кошаркар повторно е во центарот на вниманието на јавноста поради серијата иако изминативе години се држи на дистанца од јавни настапи и појавување низ медиумите. „Форбс“ објави дека Џордан ќе ги донира сите пари што ќе ги заработи од емитувањето на документарната серија, што е во продукција на „ЕСПН“ и „Нетфликс“. Се претпоставува дека Џордан ќе добие од 3 до 4 милиони долари, а сите ќе одат во хуманитарни цели.

Серијата првично требаше да биде емитувана во јуни, но продуцентите решија премиерата да се случи многу порано поради пандемијата од коронавирусот и фактот што застана целиот спорт. Во САД, првите две епизоди од серијата ги гледале во просек 6,1 милион гледачи.