Два физички напади се случиле викендов во Велес. Едниот бил регистриран во саботата на 26-ти сепмтеври, откако 54 годишен велешанец бил физички нападнат на улицата Наце Димов.

Вториот физички напад се случил на улицата Борис Трајковски, во утринските часеви во неделата, околу 02:30 часот. Тогаш 43-годишен велешанец бил нападнат од три лица.

Овие информации ги потврдија и од СВР Велес:

На 27.09.2020 околу 02.30 часот во СВР Велес, З.Т.(43) од Велес пријавил дека на
ул.„Борис Трајковски“ бил физички нападнат од три лица. Се работи на
расчистување на случајот.

На 26.09.2020 околу 16.45 часот во СВР Велес, С.М.(54) од Велес пријавил дека на
ул.„Наце Димов“ во Велес бил физички нападнат од Р.Н. По целосно документирање
на случајот ке биде поденесена соодветна пријава, истакна портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.