На 07.10.2020 околу 23.30 часот на автопатот Неготино – Демир Капија, полициски службеници од СВР Велес од слобода ги лишиле Х.Б.(44) и М.О.(34) од Велес, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по чл.215 од Кривичниот законик.

Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Велес.