Два одделни напади на кучиња скитници во Велес се случиле изминативе денови. Во текот на вчерашниот ден околу 11:30 часот во СВР Велес 59 годишниот С.Ѓ. пријавил дека бил каснат од куче скитник на улицата „Димитар Влахов“.

Ден претходно, жител на Велес, 39 годишниот Б.П. пријавил дека исто така бил каснат од куче скитник на улицата „Васил Ѓоргов“ околу 22 часот.