Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Данило Брестовац го објави поширокиот список за квалификациските натпревари против Финска и Швајцарија за пласман на ЕП 2022.

На овој поширок се најдоа 35 ракометари, меѓу кои се најдоа и двајца велешани, стандардниот првотимец Дејан Манасков и Дарко Димитриевски.

Првиот натпревар од квалификациите Македонија ќе го игра на 4. ноември во Скопје против Финска, а три дена подоцна ќе гостува кај Швајцарија.