Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека вчера околу 21.40 часот во СВР Велес било пријавено дека 11-годишник од Велес на ул.„Благој Нечев“ бил каснат од куче – домашен миленик во пределот на десната нога.

Уште еден напад на куче се случил после полноќ. Околу 01 часот В.Г.(22) од Велес на крстосницата од ул.„Благој Ѓорев“ и ул.„Партение Зографски“ бил каснат од куче.
Овој пат се работи за куче скитник а лицето е каснато во пределот на левата нога.