Од секторов за Внатрешни работи Велес, информираат дека во продолжениот викенд односто од 22/23 октомври заклучно со вчерашниот ден биле изречени вкупно 319 казни за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита, од кои најголемиот дел се лица од Велес, поточно 184.

Во период 22./23.10.2020 год. за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети сe 72 лица, и тоа, 33 во Велес, 20 во Кавадарци и 19 во Неготино.

Во период 23./24.10.2020 год. за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети сe 87 лица, и тоа, 55 во Велес, 21 во Кавадарци и 11 во Неготино.

Во период 24./25.10.2020 год. за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети сe 94 лица, и тоа, 63 во Велес, 23 во Кавадарци и oсум во Неготино.

Во период 25./26.10.2020 год. за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети сe 66 лица, и тоа, 33 во Велес, 22 во Кавадарци и 11 во Неготино.