Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2020 година, изнесува 26 422 денари.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (12.2 %), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (11.2 %) и Преработувачка индустрија (9.8 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15.6 %), Уметност, забава и рекреација (15.4 %) и Стручни, научни и технички дејности (9.9 %).

Исто така и просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во март 2020 година, изнесува 39 437 денари. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Образование (13.3 %), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (11.5 %) и Преработувачка индустрија (10.6 %).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15.9 %), Уметност, забава и рекреација (15.5 %) и Стручни, научни и технички дејности (8.7 %).