Фудбалерот на Тотенхем Деле Али бил нападнат со нож, а добил и некоја тупаница пред својот дом, објави „Дејли мејл“.

Двајца непознати мажи влегле во имотот на Али, кој е во самоизолација со својот брат.

Фудбалерот се здобил со модринки на лицето, а разбојниците украле вредни предмети од неговиот дом.

Имотот на 24-годишниот фудбалер има камери, а снимките се доставени до полицијата која отвори истрага.