Еден од учесниците во историскиот чин на трансплантација на срце во Македонија беше и доктор Александар Колев од Велес. Еден ден после првата операција од таков вид тој се огласи и на фејзбук:

Ден после првата трансплантација на срце во Македонија. Моите мисли, благодарност и почит се кон Емилија и нејзината фамилија. Без првиот донор на срце, немаше да има ни прва трансплантација на срце. Затоа тие се најголемите херои! Затоа што тие, во својата лоша среќа и тага, изнајдоа сили, покажаа огромна хуманост и алтруизам, да дадат живот и да ја направат цела Македонија среќна.
Нека тоа биде убав, позитивен пример за сите нас, за промена во нашиот менталитет и поголемо прифаќање на донорството.

Македонското здравство е опремено, обучено и подготвено.
Се надевам дека оваа позитивна енергија со која јавноста ја прифати веста за првата трансплантација на срце, ќе биде барем малку олеснување во болката и страдањето на фамилија Диневи.

Се надевам дека истата таа енергија ќе биде поттик и во битката која и понатаму претстои пред пациентот во чии гради чука сега срцето на Емилија.
За нас, медицинскиот персонал, секако е огромен поттик и мотив, уште посилно да се трудиме да гледаме насмевки на лицата на нашите пациенти и нивните фамилии.

Во продолжение целиот негов статус:

Ден после првата трансплантација на срце во Македонија. Моите мисли, благодарност и почит се кон Емилија и нејзината…

Gepostet von Aleksandar Kolev am Sonntag, 24. Mai 2020