Во изминативе денови Волонтерите на Општинската организација на Црвен крст од Велес, заедно со претставници на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи дистрибуираат хуманитарна помош за семејства на самохрани родители и жртви на семејно насилство. Помошта е донација од UN WOMEN.
Семејствата и лицата кои се опфатени со оваа помош добиваат два пакети, еден со храна и еден со средства за хигиена.
Истовремено се доставува помош и за лицата кои немаат никава документација и во државата живеат без уреден статус, права и обврски.
ДОНАЦИЈА ЗА САМОХРАНИ РОДИТЕЛИ И ЖРТВИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВОВо изминативе денови Волонтерите на Општинската…
Gepostet von Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска Организација Велес am Freitag, 22. Mai 2020