Општинскиот Црвен крст Велес доби донација од 45 пакети со храна од семејството на Ердован Етоски од селото Мелница кој со семејството живее и работи во Швајцарија. Пакетите со храна Општинскиот Црвен крст во соработка со Општина Чашка ги подели, по 15 во селото Мелница и 15 во Чашка. Денеска во Велес преку Општинскиот Црвен крст ќе бидат поделени преостанатите 15 пакети со храна за социјално загрозени семејства во Велес.

Како што информира за МИА, Орце Николов секретар на Црвен крст Велес пакетите ги подготвиле во „Жито Маркети“, а попладнево и утре ќе се поделат во Велес.

Од Црвениот крст Велес и Општина Чашка искажуваат голема благодарност до семејството Етоски и нивната хуманост која многу им значи на семејствата кои поради кризата со Ковид-19 се нашле во многу тешка состојба.

Инаку семејството Етоски беше еден од двајцата донаторите на храна- илјада лепиња кои во соработка со гостилницата „Боем“ во Велес и Црвениот крст се делеа на велешани изминатиот четврток за празникот Источен Петок Балаклија,

Воедно денеска преку Републичкиот Црвен крст од Скопје се добиени 151 пакет преку Инстутутот Отворено општетство, а кои од утре и наредните денови ќе бидат доделени на социјално ранливи категории на граѓани и семејства во Велес.

Николов информира дека за нивната поделба како да се врши треба да одлучи Општинскиот кризен штаб на својата утрешна седница.