Сликите од денешниот ден на Градскиот пазар покажуваат дека велешани во голем број овој продолжен викенд ќе поминат празнично.

Помина повеќе од месец дена откако пазарот во Велес започна да работи со скратено време заради вонредната состојба во Македонија.

Иако градските власти вчера соопштија дека пазарот овој викенд ќе работи секој ден, денес можеше да да се забележи поголемо присуство на граѓани на пазарот.

Исто така можеше да се види и зголемен број на тезги на денешниот пазар