Денеска во големата сала на Врховниот суд во Скопје, беше изречена пресуда за случајот „Рекет“. Таму присуствуваше само првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, додека второобвинетата Катица Јанева не дојде во судот и одлуката ја слушна во домашен притвор.

Во судница бешее присутна сопругата на Јордан Камчев, еден од сведоците во предметот, Ана Камчева. Брачниот пар Камчеви сведочеа како оштетени во случајот.

Првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 доби казна затвор во вкупно траење од 9 години.

Катица Јанева доби вкупна казна затвор од 7 години.