Во текот на вчерашниот ден се случил немил настан на плоштадот „Којник“ во Велес. 9-годишно дете било нападнато и каснато од куче скитник во пределот на десната нога. Случајот бил пријавен и во полицијата од кадешто го потврдија во денешниот билтен.

„На 03.08.2020 год. Во СВР Велес било пријавено дека на плоштад „Којник“ во Велес деветгодишно дете било каснато од куче скитник во пределот на десната нога.“ – соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.