19 C
Veles
вторник, 3 ноември, 2020 | 16:27

ДЕТАЛИ за вчерашната сообраќајна несреќа- Има тешко повредени, меѓу патниците и три месечно бебе

681

Министерството за внатрешни работи објави детали за железничката несреќа која вчера во 19.05 часот се случи на железничка пруга Градско-Велес, на околу два километри пред влез во Велес.

Железничката незгода е случена помеѓу товарен воз, кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје и патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(22) од Куманово, кое претходно излетало од патот и паднало на пругата.

-По незгодата, возачот Б.Д. и сопатниците А.К.(25), С.К.(21) и тримесечно бебе, сите од Неготино и Ш.М.(27) од Куманово биле пренесени во Медицински центар Велес, при што кај возачот Б.Д. и бебето биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај останатите сопатници се констатирани телесни повреди, информираат од МВР.

Од општата болница во Велес информираат дека во сообраќајната несреќа се повредени 5 лица. Тие додаваат дека маж на 27 години со фрактура на лумбален `рбет и поради природата на повредата, испратен е на Клиника за трауматологија во Скопје, каде што е задржан на лекување. Повреденото тромесечно бебе има контузија на главата, заедно со мајката, која била со него во автомобилот се испратени на скопските клиники, но бебето е вратено назад во велешката болница. Останатите тројца патници имаат полесни повреди, најчесто нагмеченици.

Во периодот од 19.05 до 23.40 часот, за време на вршење на увидот, железничкиот сообраќај бил во прекин.