Во последно време станаа хит на инстаграм, мајките блогерки кои со активности кои сами ги изработуваат (или DIY), радуваат и едуцираат своите деца како и не воодушевуваат нас останатите секој нов ден.

Еден од омилени профили на инстаграмџиите, е инстаграм профилот на нашата велешанка Сања Стојанова (craziness_called_parenthood) која со своите изработки и посветеност стана попозната меѓу велешанките но и пошироко во Македонија.

На нејзиниот профил секојдневно можете да пронајдете голем број на идеи за кои со малку потребен материјал и имагинација резултатот е магија и насмеано дете!

Ние денес ќе ви објавиме неколку од нив, а вие секако посетете го нејзиниот инстаграм профил.

На што се должи забрзаниот раст на следачи и успешноста на профилот,  прочитајте подолу каде Сања одвои дел од своето време за нашето интервју, да дознаеме малку повеќе за приватноста во семејството Стојанови.

Велес Денес: Приказната за вашиот инстаграм профил некако наеднаш го преплави градот и стана позната помеѓу мајките кои обожаваат активности со своите деца, како се случи тоа и на што се должи овој успех?! Дали сте и вие дел од оние профили со платени следачи или се е реално?!

Сања –  Многу ми е драго што за прв пат имам малку повеќе време за да документирам и објавам се што работам со моите деца. Порано времето некако брзо леташе, работевме активности со Андреј (повозрасниот син), но никогаш не успевав да објавам нешто повеќе од едно стори. Откако профилот стана блог решив да се посветам на тоа. Може да се каже дека породилното отсуство беше поттик за овој чекор.

Платени следачи никако не практикувам, а и не би сакала да пробам со тоа. Искрено нема подобро од реални следачи некој на кому му одговара вашиот блог, кој сака да го гледа она што го презентирате и со некоја цел се одлучил токму за вас.

Велес Денес: Каков е вашиот профил поточно? За која возраст се вашите активности кои ги гледаме секојдневно?

Сања – Прилично гледам да ги приспособам на возраста на мојот син т.е. до 5/6 години ,а пред скоро почнав и со сензорни активности за бебето така да во план ми е да ги опфатам сите активности кои ним им се потребни за едукација и развој.

 

Велес Денес: Дали претходно се имате заинтересирано за овој аспект, за креативно поминување со вашите деца?!

Сања – секогаш сум ги следела креативните мајки на инстаграм и ме воодушевувал фактот како од ништо нешто правеле, за активностите треба само малку волја и слободно време потоа дефинитивно се навлекувате на тоа знаејќи колку го прави среќно вашето дете!

Велес Денес: Што те  прави среќна приватно? Секогаш креирате нешто ново или …

Сања-  Не нормално дека не секогаш, уфф верувајте дека децата не можеш да ги контролираш постојано им треба слобода и време за себе. Андреј со душа ја чека секоја нова активност, но си поставивме како цел да бидат максимум по две на ден затоа што имам чувство дека би немало ефект на него ако постојано е под притисок нешто да прави, не би сакала да му станат навика, сакам да е тоа од љубов и негова желба.

Јас само давам поттик останатото е се на моите деца ха ха ха… Среќна сум кога знам дека ги сака предизвиците исто колку и јас, пресреќна кога додека работи Андреј во едно место го пијам своето кафе а не носејќи го со себе низ соба хахахха.

Велес Денес: Дали мислиш дека мајките кои работат не би имале време за активности со своите деца ?!

Сања –  Реално секоја мајка работи со своето дете, дали се тоа саат, два во текот на денот или пет, нема мајка која би го оставила детето, а да не подпомогне во неговиот развој. Јас одев на работа и комбинирав штом стигнам дома да го минеме времето заедно со нив, сега сум малку послободна па затоа поактивно се посветив на блогот.

Велес Денес: Што ти е мотивација, за да започнеш толку активно со креативните игри за развој на децата?

Сања –  Мотивација ми се една група на мајки во која  сум член од скоро. Верувајте ми на инстаграм постои такво соперништво и натпревар како и на сите други полиња што многу тешко можете да се пробиете ако сте нов во тоа, без платени следачи и со нула искуство. За разлика од таа сурова реалност овие неколку жени, мајки ми се светла точка од првиот момент на почетоците на блогот.

Таква поддршка, прифаќање и совети како да сме се познавале цел живот. Несебично споделување и насоки. Секој нивни коментар ми е само мотив за работа повеќе. Почнав со обична слика пост, потоа од нив научив како се креира постапка пред објавување, правењето видеа и секако споделување на идеи, не би можела да ви опишам колку е тоа потребно за една мајка… да не постои ривалство, туку да си го помагаме една со друга.

Велес Денес: Имаш ли слободно време за себе и доколку имаш како го искористуваш?

Сања:  Секогаш наоѓам време за себе обично тоа е навечер штом заспијат децата. Си правам топол чај и уживам во читањето книги. Тоа што сте мајка не треба да значи да заборавите на работите што ве исполнуваат. Готвам со желба за сите дома, читам книги, пишувам поезија и да дефинитивно за се се наоѓа време ако се сака

Велес Денес: Дали вашиот сопруг се согласува со блогот и ова што го работиш?

Сања –  Мојот сопруг е онаа мала нишка што ме држи мотивирана, покрај нас е од самиот почеток. Штом му ја кажав својата желба несебично ме поддржа на самиот старт и до ден денес е нашата помош од сенка. Не сака да го сликаме многу повеќе тој нас не слика и снима, но тука е постојано. Замислам ли нешто ново тој ги набавува материјалите и ако заглавиме некаде, тука е да ја пронајде грешката. Немам зборови колку многу ми е потребен ,не само за блогот туку и општо за нашата мала четворка Стојанови!

Велес Денес: Што означува името на вашиот блог craziness_called_parenthood дали ви е лудо низ дома или мајчинството за вас е песна ?

Сања – Хаахха песна од плачки да! Знаете никаде нема да најдете мајка која ќе ви каже дека и е тешко, но никаде ни мајка која ќе ви рече ,,леле колку сум се наспала“ или ,,пиев кафе саат време на раат и прочитав книга“ едноставно тоа е мајчинството, хаотично, брзо, непланирано, но и без тој хаос јас не би била јас и не би знаела поинаку како. Научена сум да живеам брзо, со еден тон ангажмани и големи залаци и да не престане кругот. Се тешам со фактот дека сега е нивно време, ќе ми заминат штом пораснат и ништо нема да е исто затоа до максимум го минам времето со моите деца и сопругот. Гледам се што правиме да е заедно.

Велес Денес: Браво навистина ! за крај што би им препорачала на нашите читатели на порталот Велес Денес?

Сања – На мажите, да им варат кафе почесто на жените, хаахааха, а вие девојки, жени, мајки немам никакви пораки само да си останеме вака храбри, мултифункционални и издржливи во се како и досега.

П.С .Растете си заедно со своите деца,имате прилика за да го преживеете детството уште еднаш.

Посетете го инстаграм профилот на Сања на следниов линк