Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти во: Скопје-11, Куманово-10, Тетово-1, Велес-2.

Во изминатите 24 часа направени се 275 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-2, Битола-1, Гостивар-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1642, бројката на оздравени пациенти е 1136, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 415. По завршување на епидемиолошката анкета, еден од вчера регистрираните случаи во Куманово е жител на Кратово и согласно ова последната дистрибуција по градови е:
•       Скопје – 550, активни 132
•       Куманово – 408, активни 53
•       Дебар – 51, активни 0
•       Штип-35, активни 2
•       Прилеп –176, активни 68
•       Тетово – 110, активни 54
•       Струга – 67, активни 16
•       Велес – 107, активни 49
•       Битола –23, активни 4
•       Охрид –15, активни 9
•       Кавадарци – 5, активни 1
•       Гостивар –19, активни 5
•       Гевгелија – 4, активни 0
•       Струмица – 2, активни 0
•       Крива Паланка- 6, активни 2
•       Радовиш – 4, активни 0
•       Крушево – 3, активни 0
•       Кочани – 31, активни 5
•       Пробиштип – 2, активни 0
•       Кичево – 2, активни 1
•       Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
•       Демир Хисар – 1, активни 0
•       Македонски Брод – 2, активни 0
•       Пехчево- 3, активни 2
•       Делчево-1, активни 1
•       Валандово -1, активни 1
•       Виница – 2, активни 0
•       Кратово-2, активни 2
•       Берово-1, активни 1

Направените 275 теста се преку: ИЈЗ –185, Ветеринарен ф-тет -15, Авицена –0, Биотек -32, Филип Втори (Жан Митрев) –2, Систина со PCR метода  -24 и МАНУ -17.  Досега во земјата се направени вкупно 19096 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација 3 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 16. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола нема хоспитализирани позитивни или сомнителни на ковид, а на домашно лекување се следат 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и Охрид сe хоспитализирани 54 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.