Од утринава се отворени гласачките места во Србија. Граѓаните бираат нови претставници во Парламентот, а сите анализи до завчера покажаа дека актуелниот претседател и лидер на Српската напредна партија (СНС) ќе извојува огромна победа, но само заради најавата на опозицијата дека изборите ќе ги бојкотира.

Дел од европските аналитичари оценуваат дека ваквата состојба во земјата води кон еднопартиски систем и уште поголемо зацврстување на позицијата на Вучиќ.

Според Франкфуртер Рундшау и покрај тоа што на изборите се настапува со 21 листа, Србија останува на патот кон суштински еднопартиска држава. Весникот наведува дека и се додека онака слабата опозиција од избори до избори се повеќе се разединува, Вучиќ себеси се слави како обновител на земјата.

-Поради слабата и раскарана опозиција, ЕУ се помири со авторитарниот систем на Вучиќ, пишуваат германските весници.

Како и да е, Србите гласаат во време на корона кризата со спроведување на веќе познатите протоколи за заштита од корона вирусот. До крајот на овој ден ќе се знаат ресултатите, иако претходно опозицијата најави дека овие избори нема да ги смета за легитимни.