Заради новонастанатата ситуација и со воведувањето на полициски час од 16:00 до 05:00 часот, како и со целосната забрана за посета на гробни места од страна на надлежните, по повод православниот празник Духовденска задушница, Повардарска православна епархија ги повикува своите верници да ги посетат храмовите.

Православните христијани ќе можат да ги посетат православните храмови во петок и сабота во период од 08:00 до 14:00 часот

Еве го соопштението на Повардарска епархија

Gepostet von Повардарска епархија am Donnerstag, 4. Juni 2020