(ФОТО) juka.mk

Дали во велешката конфекциска фирма Ју-Kа имало заразен од Корона вирус, а менаџментот не постапил според препораките од министерството за здравство?

Имено, во конфекцијата „Ју-Kа“ се вршени притисоци и закани кон работниците од страна на сопственикот поради тоа што работниците стравувале за своето здравје и побарале подобрени услови за работа и редовна дезинфекција. Согласно она што го добивме како информација, една од вработените во конфекцијата „Ју-Kа“ се заразила со КОВИД-19 и цела работна недела била приморана да работи во погоните на оваа конфекција, нешто што потенцијално би значело ширење на овој вирус на останатите работници во погоните. Работниците не добиле никакви подобрени услови, по што им било укажано од сопственикот на конфекцијата дека можат да си заминат во било кој момент и да потпишат спогодбени откази доколку не им се допаѓа работното место и условите за работа! Ова денес го соопшти партијата Левица на својот фејсбук профил.

Тие во текот на денешниот ден добиле пријава од вработени во оваа конфекција, кои се пожалиле за нехуманиот однос од страна на претпоставените.

Истиот случај е пријавен и во Трудовиот и Пазарниот Инспекторат. Се очекува испитување за истиот од страна на надлежните институции.

Денес на пресконференцијата на министерот Филипче му беше поставено прашање околку овој случај, дека веќе има потврдено случаи во оваа конфекција и дека вработените се исплашени за своето здравје бидејќи сеуште тие одат на работа.

-Било кој од вработените на конфекцијата, ако смета дека не се непочитуваат мерките и препораките апсолутно мора да пријават кај државниот санитарен инспекторат или пазарниот инспекторат. Бидејќи било кое непочитување на мерките е голем ризик за здравјето на граѓаните, изјави Филипче

За потсетување, пред не цел месец уште во една велешка конфекција имаше заболени од корона вирусот, при што оваа во оваа конфекција работата беше редуцирана.